И годинава Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ и Киноверзум се дел од Филозофскиот филмски фестивал и во Киноверзум ќе бидат прикажани 10 филмови од фестивалот.

ФФФ во Киноверзум ќе претстави ретроспектива на филмови од режисерот Андреј Тарковски, а програмата ќе биде отворена со неговиот студентски филм „Убијци“. Линк до настанот на Facebook. 



Програмата на фестивалот во Киноверзум е организирана во соработка со Амбасадата на Руската Федерација во Република Северна Македонија и Филозофско друштво на Македонија.

Проекциите ќе бидат бесплатни и резервација на билети не е потребна.


❗ Внимание, термините за некои од филмовите се променети. Ова е конечната програма.


Филозофскиот Филмски Фестивал (ФФФ) е единствениот филмски фестивал во Република Северна Македонија и регионот што се одвива на крстопатот помеѓу филозофијата и филмот, и еден од ретките во светот коишто работат во областа на филм-философијата.

Од една страна, Фестивалот се обидува да ја промовира идејата за филмот како медиум којшто може да испровоцира филозофска размисла и/или да илустрира филозофски концепти и идеи, на овој начин обраќајќи ѝ се на генералната публика, но и на младите во Република Северна Македонија поттикнувајќи го развивањето на креативната и критичка мисла.

Од друга страна, се обидува да поттикне естетички анализи и истражувања на филмскиот јазик како форма sui generis и да ги охрабри младите режисери и филмски работници во Република Северна Македонија на рефлексија врз клучните филозофски прашања и концепти со цел градење, развивање и негување на своите автентични филмски светогледи.

Слични написи