Содржина

Научнофантастичниот филм СТАЛКЕР е снимен според новелата Пикник покрај патот на браќата Борис и Аркадиј Стругацки. Филмот ги следи тројцата мажи, Научникот (Николај Гринко), Писателот ( Анатолиј Солоницин) и Сталкер (Александар Кајдановски) и нивното патување низ мистериозната и заборавената територија во руската пустина наречена Зона.

Во Зоната ништо не е така како што изгледа: таа е налик на вонземско место опкружено со војници и бодликава жица. И покрај убедувањата од жена му да не оди, Сталкер ги води луѓето во Зоната каде што тајните желби стануваат реалност, и покрај тоа што што ризикува казна затвор. Таа ноќ тој носи двајца во Зоната: популарниот писател, кој е циничен, но
и се прашува за својата генијалност; и тивкиот научник, кој е позагрижен за својот ранец отколку за патувањето. Пристапот во Зоната мора да биде индиректен. Како се наближуваат поблиску до целта, правилата се чини дека се променети, а Сталкер се соочува со криза…

Видео и фотографии

3 фотографии