Содржина

Андреј Горкачов, руски поет, патува во Тоскана, Италија, за да го истражи животот на еден руски композитор од XVIII-ти век, Павел Сосновски. Но, уште на почетокот од ова патешествие, Андреј брзо чувствува немир и посакува да се врати во Русија.

Тарковски вели дека на руски зборот „носталгија“ значи „љубов кон татковината и меланхолија да се биде далеку од дома“. Овој копнеж по домот од каде што се доаѓа е отелотворен токму во Андреј (Олег Јанковски, ОГЛЕДАЛО). НОСТАЛГИЈА, поетска визија за егзилот, е првиот од филмовите на Тарковски коишто ги има снимено надвор од Русија, земјата во којашто никогаш повеќе нема да се врати. Во филмот тој користи долги, соновидни секвенци и минимална приказна, а за филмот напишан во соработка со Тонино Гуера (еден од честите соработници на Антониони), Хоберман ќе рече „НОСТАЛГИЈА не е толку филм, колку што е место во коешто може да се населите за два часа“.

За филмот Тарковски ја добива наградата Најдобар режисер на Канскиот филмски фестивал во 1983 година, којашто ја дели заедно со Робер Бресон.

Видео и фотографии

3 фотографии