Киноверзум во Свети Николе е отворен на 14 декември 2019 година. Киноверзум се наоѓа на кампусот на Меѓународен Славјански Универзитет, a во состав на Киноверзум влегуваат и Киноверзум Lounge Bar и Игротека Оскар.

Салата има капацитет од 284 места, а публиката може да гледа филмови во дигитална 2D и 3D технологија, со 7.1 озвучување.



Карактеристично за Киноверзум во Свети Николе е тоа што постојано го имаме изложено Мини Морисот на Мистер Бин, кој е омилен на нашата најмлада публика.



Локација:


Киноверзум во Свети Николе се наоѓа во зградата на Меѓународен Славјански Универзитет, а влезот е преку Киноверзум Lounge Bar.

Киноверзум се наоѓа на ул. „Маршал Тито“ 77, на излезот од Свети Николе, на патот кон Овче Поле. Доколку доаѓате од Штип или Скопје по новиот автопат Миладиновци-Штип, исклучете се десно на излезот Свети Николе – Југ, потоа свртете десно и за помалку од минута сте во Киноверзум.

Линк до локацијата на Google Mapshttps://goo.gl/maps/7jKVabjDZHC2nwt87
Телефонски број: +389 71 29 02 39
Е-маил: svn@kinoverzum.mk