Доколку сакате да гледате филмови често, Ви препорачуваме да се зачлените во нашиот клуб. Членовите на клубот први ги добиваат најновите информации на нивните електронски адреси, но добиваат и попусти и награди.
Сите посетители на Киноверзум можат да отворат своја клуб картичка преку која собираат поени кои можат да ги разменат за награди.
Правила
- Еден потрошен денар во Киноверзум = еден поен.
- Зачленувањето во клубот чини 50 денари кои се плаќаат еднократно.
- Зачленувањето се прави директно во Киноверзум или со пополнување на онлајн апликација.
Редовни попусти
Со клуб картичката секој член има попуст на купените билети, и тоа:
- 2D проекции – цена со попуст: 190 денари
- 3D проекции – цена со попуст: 230 денари
Бројот на влезници кои можат да се купат со клуб картичка во еден ден е 4.
Редовни попусти за студенти на МСУ
Доколку сте студент на Меѓународен Славјански Универзитет со клуб картичката имате дополнителен попуст на билетите, и тоа:
- 2D проекции – цена со попуст: 180 денари
- 3D проекции – цена со попуст: 210 денари
Бројот на влезници кои можат да се купат со клуб картичка во еден ден е 4.
Награди
Замена на наградите
Добиените награди од клуб картичката не можат да бидат заменети за парични средства. Наградите можат да се подигнат исклучиво на кино благајните на Киноверзум во рамки на работното време.
Киноверзум го задржува правото да направи промени во наградите и да ги замени со слични производи. Доколку во моментот некој производ е недостапен Киноверзум ќе понуди алтернативен сличен производ.
Губење на картичката
Доколку ја загубите картичката потребно е да ги известите нашите вработени при следната посета во Киноверзум.
- Доколку ја загубите картичката се наплаќаат 50 денари за издавање на нова картичка.
- Во овој случај поените од претходната картичка се пренесуваат на новата картичка.