Содржина

Aлександар, новинар, естетичар и пензиониран актер му кажува на „Малиот човек“, неговиот нем син, колку е загрижен за недостатокот од духовност кај современиот човек. Истата вечер, кога го слави својот роденден со семејството и пријателите, тие дознаваат дека на светот му се заканува нуклеарен холокауст – вест којашто ќе го претвори празничното расположение во атмосфера на страв и очај. На прагот на Трета светска војна, Александар бара начин да го врати мирот во светот, но открива дека мора и да понуди нешто за возврат…

ЖРТВОПРИНЕСУВАЊЕ e последното филмско остварување на Тарковски коешто го создава во периодот кога боледува од рак пред крајот на својот живот, а за коешто го добива своето второ Гранд При на Канскиот филмски фестивал по СОЛАРИС. Снимен во скандинавската идила (на шведскиот остров Готланд, близу островот на Бергман), тој рефлектира за распадот на цивилизацијата, како и за вечниот јаз помеѓу тоа какви се работите и тоа какви посакуваме да бидат. Маестралната кинематогафија во филмот е на Свен Никвист (Sven Nykvist), долгогодишниот соработник на Ингмар Бергман. За филмот TIME Magazine ќе рече: „[…] криптичниот стил на Тарковски помага да се создаде возвишена кетедрала“.

Видео и фотографии

3 фотографии