Неделава во Киноверзум во Свети Николе се одржа работен состанок на киноприкажувачите во Република Северна Македонија. Киноверзум со своите три локации е дел од киноприкажувачите во Република Северна Македонија и ќе биде еден од основачите на кино мрежата.

На работниот состанок присутни беа Бистра Георгиева од Форум за разумни политики, Билјана Јанкуловска од Синеплекс, Михаела Ѓорчева од Киноверзум, Менче Хаџи-Коста Милевска од Центар за култура, 3D кино – Битола, Александар Николиќ од Синематик – Паркинг Кино Битола, а онлајн се придружи и Маргарита Арсова од кино Милениум и кино Фросина.



Работниот состанок се одржа после потпишувањето на меморандум за соработка помеѓу киноприкажувачите во рамките на фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола на 28 септември 2023 година, со што беше направен првиот чекор за формирање на единствена Кино мрежа во Република Северна Македонија.

Слични написи