Меѓународен Славјански Универзитет и Киноверзум трета година по ред се дел од престижниот Forbes 30/50 Summit, кој се одржува во Абу Даби по повод Меѓународниот ден на жената. Оваа година, универзитетот и Киноверзум ги претставува Михаела Ѓорчева, дел од листата 30 Under 30 на Forbes, основач на Киноверзум и заменик претседател на Управниот одбор при МСУ.

Forbes 30/50 Summit е глобална платформа која обединува жени-лидери од различни индустрии, создавајќи простор за размена на идеи, визии и искуства. Во изминатите години, самитот беше домаќин на влијателни имиња како Хилари Клинтон, Џесика Алба и Глорија Стајнем, а и оваа година ќе понуди инспиративни дискусии и можности за нови партнерства.



За Меѓународен Славјански Универзитет и Киноверзум учеството на овој самит претставува значаен чекор во насока на поврзување со водечки компании, едукативни институции и глобални иноватори. Преку вмрежување и размена на искуства продолжуваме да градиме нови иницијативи во културата. Горди сме што сме дел од еден од највлијателните настани посветени на женското лидерство.

Слични написи