На 9 декември во 20:00 часот во Киноверзум, единственото универзитетско 3D кино, на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе премиерно беше одиграна монодрамата „Петте фази на преболувањето“ со Наташа Митев по сценарио и режија на Ненад Јованов. Пред полната сала на уметнички начин, стилски беа прикажани петте фази на преболувањето, а емоциите во глумата се менуваа од минута во минута давајќи слики на успешни актерски трансформации.
По завршувањето на монодрамата, се одржа и кратка промоција на стихозбирката „5″ од која, всушност, е инспириран текстот за монодрамата. Поезијата е дело на режисерот на претставата, Ненад Јованов. Во улогата на модератор – водител на настанот се појави познатата Анѓела Пингова, водителка во радио „Канал 77″ која им се заблагодари на присутните за одвоеното време и ги повика да си добијат книга со потпис од авторот.


Слични написи