🎁🌟 2023 година беше важно поглавје во приказната за Киноверзум – годинава нашите проектори ги осветлија филмските платна на три локации – Велес, Штип и Св. Николе. На нашите платна се раскажуваат приказни за разни херои, за љубовта и авантурите, како и за упорноста на луѓето. Сите овие приказни нè споија заедно со вас, нашата публика, создавајќи спомени вредни за паметење.

🍿 Ние секојдневно ја живееме филмската приказна во секое од нашите три кина – од звукот на подготвувањето на пуканките до тишината во салата кога започнува филмот. Како што годинава беше споменато во филмот Барби – „Идеите живеат вечно“, па така филмското искуство што го создаваме, дружбите што ги негуваме и убавите моменти што ги споделуваме со вас, драга публико, се безвременски вредности.



🎬 Во 2024 година ќе прославиме половина деценија од приказната за Киноверзум. Благодарни сме што со секоја година се повеќе потврдуваме дека нашата визија се остварува, а тоа е да инспирираме моменти вредни за паметење преку уникатно филмско искуство.

🌟 Вие сте вистинските ѕвезди во Киноверзум! Ви ја упатуваме нашата искрена благодарност за вашата смеа во секоја од нашите сали, за секој аплауз и за понекоја солза на оние филмови кои направија да се чувствувате тажно. Ве покануваме да го продолжите ова волшебно филмско патување со нас во 2024 година.

🎄 Среќни празници на вас и вашите најблиски. Нека вашата Нова Година биде исполнета со радост, љубов и незаборавни филмски искуства.

🌠 Киноверзум. Твојот филмски универзум.

Слични написи