Денес, 04.02.2022 во Киноверзум, единственото универзитетско 3D кино се одржа премиерата на филмот „Сестри“, првиот македонски филм кој се прикажува на „Нетфликс“. Актерките Антонија Белазелкоска (Маја) и Марија Јанчевска (Елена) и режисерката Дина Дума присуствуваа во Киноверзум на првото прикажување на филмот „Сестри“ во нашето кино. По прикажувањето на филмот публиката имаше можност да слушне образложение […]