На 20 април 2023 година (четврток) познатата индиска актерка Раџшри Дешпанде беше во посета на Меѓународен Славјански Универзитет и Киноверзум. Заедно со нашиот познат актер, Мето Јовановски, пред студентите на МСУ зборуваа за своите актерски почетоци и како започнала нивната кариера во светот на уметноста.

Модератор на настанот беше проф. д-р Соња Ризоска Јовановска, директорка на Институтот за култура при МСУ. На настанот присутствуваше и м-р Михаела Ѓорчева, основач на единствениот македонски ланец на кина, Киноверзум и член на Управниот одбор на МСУ.

Раџшри Дешпанде е индиска актерка која стана популарна со нејзината улога во филмот „Лути индиски божици“, а нејзината серија Trial by fire беше број 1 на Нетфликс во Индија.

Својата актерска кариера ја започнала во театар, играјќи во претстави низ Индија, студирала право и работела во маркетинг пред да започне да се занимава со актерство. Освен нејзината актерска работа, Дешпанде е силен застапник за правата на жените. Таа е основач на фондација која се фокусира на зајакнување на жените преку образование и претприемништво.

Мето Јовановски е еден од водечките драмски уметници во Р. С. Македонија кој има земено улоги во многу театарски претстави и филмови, исто така е добитник на голем број на награди во нашата земја и пошироко.


     

Слични написи