
Понеделник е новиот петок – карти за филм од 170 денари
🎬 СИТЕ СТЕ СТУДЕНТИ ВО ПОНЕДЕЛНИК! Без индекс, без прашања – секој понеделник сите добивате студентски цени во Киноверзум! Карти по цена од 170 денари!
Почнувај ја секоја недела со добра енергија, одличен филм и уште подобра цена! Благодарение на поддршката од Меѓународен Славјански Универзитет, секој понеделник во август и септември важи специјална акција – сите билети за сите филмови се продаваат по студентска цена, без разлика дали си студент или не!
📍 Каде важи акцијата?
Во сите Киноверзум кина во Штип, Велес и Кисела Вода и за онлајн купени билети: https://tickets.kinoverzum.mk/
🎓 Студентски цени:
- 170 денари во Штип и Велес (редовна цена: 200 денари)
- 200 денари во Кисела Вода (редовна цена: 230 денари)
📅 Кога?
Секој понеделник во август и септември 2025.
🎯 Ако надминеме 2.000 продадени студентски билети во август – акцијата ќе продолжи до Нова Година!