М-р Михаела Ѓорчева, член на Управен Одбор на МСУ и основач на Киноверзум во Њујорк ги претставуваше Киноверзум и Меѓународен Славјански Универзитет на престижниот 2023 Forbes Power Women’s Summit. Самитот се одржа во четврток, 14 септември 2023 година, во познатиот Линколн Центар на Менхетен во Њујорк, САД.

Овој настан е собир на жени визионерки од различни индустрии и обединува некои од највлијателните и најуспешните жени во светот. Самитот е ексклузивен настан на кој може да се присуствува само со покана од американското бизнис списание Forbes и служи како платформа за генерирање на нови идеи и нивна примена во светот на бизнисот.



Меѓу извонредните говорнички беа Линда Томас-Гринфилд, амбасадорката на САД во Обединетите нации; Карин Жан-Пјер, прес секретарка на Белата куќа; Мери Џеј Блајџ, добитничка на Греми и Еми награди, претседателката на Њујоршката берза – Лин Мартин, актерката и добитничка на Златен глобус Ким Катрал… На самитот учествуваа и шампионката на WNBA и добитничка на 5 златни медали на Олимписките игри, Сју Бирд; актерката и активистка Бизи Филипс; актерката и активистка Тифани Хадиш – добитничка на Греми и Еми награди; актерката и добитничка на Оскар Адриана Дебос… Домаќинка на настанот беше Моира Форбс, извршна потпретседателка на Forbes. Листа на сите говорници на настанот.



На Меѓународниот Славјански Универзитет, се гордееме со нашата посветеност за поттикнување лидерство и иновации. Нашето учество на овој самит ја отсликува нашата посветеност да останеме во првите редови на светските трендови и да се учествуваме во разговори со влијателни личности кои го обликуваат светот. Вредните сознанија добиени од овој самит ќе ги користиме во нашата мисија да обезбедиме образование од светски рамки и да придонесеме за позитивни промени на глобално ниво.

Слични написи