На 10 септември 2025 во престижниот Линколн Центар во Њујорк се одржа Forbes Power Women’s Summit 2025, настан што обедини околу 400 од највлијателните жени во светот, меѓу кои беа и Мелинда Гејтс, Деми Мур и Селма Блер.

Самитот е препознатлив како ексклузивна платформа на која, по покана на списанието Forbes, се отвораат дискусии за женското лидерство, иновациите и општествените промени.



На ова значајно издание, Меѓународен Славјански Универзитет имаше своја претставничка, Михаела Ѓорчева, заменик претседател на Управен одбор на универзитетот и основач на Киноверзум. Ова беше нејзино второ учество на овој престижен самит, што претставува значаен успех и потврда за препознавањето на нејзиниот ангажман и визија на глобално ниво.

Присуството на Михаела Ѓорчева на ваков настан ја потврдува посветеноста на Меѓународен Славјански Универзитет да гради мостови кон светски платформи и да ги поддржува идните генерации жени лидери да бидат препознаени и вклучени во највисоките кругови на современото лидерство.

Слични написи