На покана на престижното американско бизнис списание Форбс, м-р Михаела Ѓорчева, бренд менаџер на Меѓународен Славјански Универзитет, присуствуваше на 2022 Forbes Under 3o Summit во Детроит, Мичиген, САД.

Самитот се одржа во периодот од 2 до 5 октомври 2022 во Detroit Opera House и беше наменет за сите кои се на листата Forbes Under 30 во која Форбс истакнува по 30 најдобри претприемачи, активисти, научници до 30 години.



Настанот го отвори главниот и одговорен уредник на Форбс и основач на Forbes Under 30 листата, Рандал Лејн.



Истакнати бизнисмени, основачи на компании и активисти – од Hailey Bieber до Megan Thee Stallion (која исто така е на Forbes Under 30 листата) – говореа за претриемништвото, важноста на менталното здравје и практиките за менување на светот кон подобро.



Помеѓу говорниците на настанот беа и John Zimmer, ко-основач на компанијата Lyft, Josh Silverman, главен извршен директор на Etsy и Ashley Haynes-Gaspar, главен оперативен директор на US Business Applications & Industry Clouds во Мајкрософт.

Листата на сите говорници на настанот може да ја погледнете овде.



Во рамки на настанот беа организирани и вечери со претставници на повеќе компании, а м-р Михаела Ѓорчева присуствуваше на вечера со претставници од Мајкрософт и Форбс, на која се зборуваше за важноста на одржливоста во бизнисот. Од Мајкрософт присуствуваше Ashley Haynes-Gaspar, главен оперативен директор на US Business Applications & Industry Clouds во Мајкрософт, додека од Форбс беше присутна Kristin Stoller, заменик уредник на Forbes Under 30 листата.



Затворањето на самитот се одржа на бејзбол стадионот Comerica Park во Детроит, а домаќин на настанот беше Megan Thee Stallion.



М-р Михаела Ѓорчева е дел од Forbes Under 30 листата за 2022 година. На истата листа (Entertainment) беше и италијанската група Манескин, како и актерката Simone Ashley, позната по својата улога во една од најгледаните серии на Netflix – Bridgerton. Михаела Ѓорчева е дел од листата како сопственик на Киноверзум, единственото приватно кино во сопственост на жена и водено од жена во Република Северна Македонија. Киноверзум е дел од кампусот на МСУ во Свети Николе.



Следната година Forbes Under 30 самитот ќе се одржи во Кливленд, Охајо, САД.

Слични написи