Во вторник, 10.10.2023 година Американското катче Штип во соработка со Киноверзум Штип беше домаќин на ексклузивна проекција на документарниот филм „The YouTube Effect”, на која присуствуваше легендарната продуцентка, Гејл Ен Херд (Gale Anne Hurd).

По проекцијата на филмот имаше сесија за прашања и одговори со продуцентката на филмот Гејл Ен Херд на која учесниците имаа можност да поставуваат прашања во врска со документарецот и за нејзината работа како продуцент. Гејл Ен Херд е позната по нејзината работа како продуцент на голем број легендарни филмови како „Терминатор” и „Армагедон”, како и ТВ сериите како „The Walking Dead”.



Документарецот ја водеше публиката на возбудливо патување низ големото влијание на YouTube врз нашите животи, од неговите скромни почетоци до станувањето револуционерна сила. Филмот „The Youtube Effect” , четвртиот од серијата на режисерот се фокусираше на подемот на онлајн заедниците. Истиот претставува истражување за големото влијание на YouTube врз нашите животи, на неговиот подем и трансформацијата од скромно потекло во револуционерна сила со силно влијание врз тоа како го доживуваме светот. Со ексклузивен пристап до некои од најголемите ѕвезди на YouTube, филмот претставува остроумен и провокативен поглед на платформата длабоко навлезена во нашите животи.

Слични написи