Во рамки на 2023 Forbes Power Women’s Summit, м-р Михаела Ѓорчева, член на Управен Одбор на Меѓународен Славјански Универзитет и основач на единствениот македонски ланец на кина, Киноверзум, имаше единствена можност да присуствува на ексклузивна претпремиера на филмот Fair Play во Њујорк. Овој специјален настан беше организиран од Нетфликс и Форбс на 14 септември и се одржа во The Paris Theater на Менхетен во Њујорк. Филмот премиерно ќе биде прикажан на Нетфликс на 6 октомври.

По проекцијата, присутните земаа учество во панел-дискусија на која беше присутна и режисерката на филмот, Клои Домонт. На дискусијата беше разговарано за креативниот процес, темите и пораките на филмот и неговото значење и влијание.

Присуството на овој ексклузивен настан ја одразува посветеноста на Киноверзум на неговиот развој и неговото работење на тоа да биде во првите редови на развојот на филмската индустрија. Киноверзум започна со работа во 2019 година, како единствено универзитетско кино во земјава на кампусот на МСУ во Свети Николе.



Слични написи