2022 беше важна година за Киноверзум – започнаа подготовките за отварање на Киноверзум во Штип. Киноверзум влезе и во престижното американско бизнис списание Forbes.

Додека работиме на набавка на кино опрема и приспособување на салата за отворање на Киноверзум во Штип, академскиот вајар Далибор Николовски – Дачо подготвува два нови оскари – за Киноверзум во Велес. Оскарите нè следат секаде – во Св. Николе, Штип, а сега и Велес. Киноверзум во Велес ќе стартува на почетокот на 2023 година.

Се надеваме дека 2023 година ќе биде исто толку добра година за Киноверзум како што беше 2022. Во 2023 година Киноверзум ќе прерасне во првиот македонски ланец на кина.
Ви посакуваме среќни и весели празници.



 

Слични написи