Ве покануваме на Кино Х Гејминг, првиот настан од ваков вид во Велес! Киноверзум и Меѓународен Славјански Универзитет со гордост го претставуваат Kino X Gaming – дводневен настан што комбинира гејминг на PS5, филмски проекции под отворено небо, натпревари, награди и незаборавна летна атмосфера во Градскиот парк во Велес.

Настанот е дел од манифестацијата „Велешко лето“ организиран од Општина Велес и ветува незаборавно доживување за сите возрасти.

📍 Локација: Градски парк, Велес
📅 Датум: 14 и 15 јули 2025
🎟 Влез: Бесплатен
🕢 Почеток: Од 19:00 часот



Детална програма:


  • 14 јули (понеделник)
    • 19:00 – Пријавување на тимови и тестирање на опрема (секој натпреварувач може да ги проба контролерите на PS5 директно во играта Injustice 2)
    • 20:00 – Гејминг дуели 1-на-1 во Injustice 2
    • 21:00 – Проекција на филмот Minecraft: The Movie
  • 15 јули (вторник)
    • 19:00 – Пријавување на тимови и тестирање на опрема (секој натпреварувач може да ги проба контролерите на PS5 директно во играта Injustice 2)
    • 20:00 – Гејминг дуели 1-на-1 во Injustice 2
    • 21:00 – Проекција на македонскиот хит Јон Вардар против Галаксијата

🎮 Гејминг дел – Како функционира?


Во текот на двете вечери имате можност да се натпреварувате на PlayStation 5 во популарната игра Injustice 2 како тим од двајца учесници кои играат еден против друг. Секој учесник ќе избере свој лик од DC универзумот како Супермен, Харли Квин, Џокер и други. Не е важно дали претходно сте играле, важно е да се забавуваме.

Гејмингот е исклучиво 1 на 1, без елиминации, финале или турнирски напредувања. Секој тим игра само една рунда 1 на 1, со цел да им овозможиме на што повеќе посетители да учествуваат и да уживаат во искуството. Фокусот е на забавата и дружбата.

  • ✔️ Пријавувањето ќе биде директно на локацијата каде што ќе биде проекцијата (од 19:00 до 19:45) на принцип „прв дојден, прв услужен“.  ‼️ Местата се ограничени – дојдете навреме и резервирајте си место!
  • 👥 Максимум 10 тима по 2 играчи на ден ќе се натпреваруваат меѓусебно од 20:00 до 21:00 часот. Значи, вкупно 20 тима за двата дена.
  • 👨‍👩‍👧‍👦 Нема ограничување за возраста
  • ⚔️ 1-на-1 натпревари во Injustice 2, победникот добива симболичен подарок

Имаме и дополнителни мали игри на отворено во кои можете да освоите симбилични награди како брендирани чаши, мауспадови, магнети, влезници за кино и други подароци


🌳 Локација и услови


Настанот се одржува целосно на отворено во Градскиот парк во Велес во вечерните часови под ѕвездено небо. Ќе има ограничен број места за седење, поставени директно на тревната површина.

  • 👉 Ако сакате да ви биде поудобно, ве охрабруваме да си понесете своја подлогa за седење на трева.
  • 👉 Местото е достапно за сите, но сместувањето е по принципот „прв дојден, прв услужен“.

👨‍👩‍👧‍👦 За кого е настанот?


  • 🎮 За гејмери и љубители на игри
  • 🎬 За сите кои сакаат кино под отворено небо
  • 👨‍👩‍👧‍👦 За семејства, пријатели и љубопитни посетители
  • 🌙 За сите што сакаат летна вечер со добра енергија

Слични написи