Екипата од филмот „Сестри“ во Киноверзум
Денес, 04.02.2022 во Киноверзум, единственото универзитетско 3D кино се одржа премиерата на филмот „Сестри“, првиот македонски филм кој се прикажува на „Нетфликс“.
Актерките Антонија Белазелкоска (Маја) и Марија Јанчевска (Елена) и режисерката Дина Дума присуствуваа во Киноверзум на првото прикажување на филмот „Сестри“ во нашето кино.
По прикажувањето на филмот публиката имаше можност да слушне образложение за филмот од професорот по Филмска естетика и филозофија Кирил Трајчев и да се запознае со актерките и режисерката како и да им постават прашања во врска со снимањето на филмот и нивното искуство.
Во продолжение погледнете дел од атмосферата во Киноверзум.