Започнаа Турските филмски вечери во Киноверзум во Штип и Кисела Вода
На 28 октомври со проекцијата на филмот „Once Upon a Time in Anatolia,“ свечено се отворија Турските филмски вечери во Киноверзум кината во Штип и Кисела Вода. Настанот кој е организиран од Амбасадата на Република Турција во Скопје, се одржува по повод Денот на Републиката и одбележувањето на 101-годишнината од прогласувањето на Република Турција.
На отворањето на настанот во Кисела Вода присуствуваше амбасадорот, Н.Е. Фатих Улусој, како и претседателот на Управен Одбор на Меѓународен Славјански Универзитет, проф. д-р Јордан Ѓорчев. Тие ја истакнаа важноста на овој настан за културната поврзаност помеѓу двата братски народи.
Во Киноверзум во Штип присуствуваа претставници од Амбасадата на Република Турција во Скопје. Преку овие филмски вечери, посетителите имаат можност да уживаат во внимателно одбрана филмска програма, која ја рефлектира богатата турска кинематографија.
Со бесплатен влез за сите заинтересирани, секоја вечер до 31 октомври ќе биде прикажан различен турски филм со превод на англиски јазик. Идејата на настанот е да се продлабочи културната соработка и пријателството меѓу двете земји, а плановите за следната година вклучуваат проширување на Турските филмски вечери низ сите Киноверзум кина.
Деталната програма е во прилог: