Авторот на култната емисија „На Рубу Знаности“, легендарниот хрватски водител Крешимир Мишак повторно во Македонија! По одличното предавање во Свети Николе во септември годинава, еден од најголемите умови на денешницата повторно доаѓа во Македонија со специјално предавање насловено „ТРАНСХУМАНИЗМОТ Е ПРЕД ВРАТАТА, А КАДЕ СИ ТИ?“.

Во организација на Меѓународен Славјански Универзитет, неформалниот културно-уметнички колектив „Аристон“, КИЦ Битола, КИЦ Скопје и киното Киноверзум, Крешимир Мишак ќе одржи три предавања во Битола, Штип и Скопје.

Билетите се во ограничен број и можат да се набават овде:



Медиумски покровители на настаните се првиот дневен весник во државата „Нова Македонија“ заедно со интернет порталот и YouTube каналот од Хрватска „АТМА“.

Не пропуштајте ја оваа ексклузивна можност да се запознаете со Крешимир Мишак и да слушнете повеќе за неговите истражувања и објавени книги. Ве очекуваме!

Слични написи