На гала манифестацијата „Најуспешни битолчани“ организирана од најстариот локален весник во државата, Битолски весник, на м-р Михаела Ѓорчева, бренд менаџер на Меѓународен Славјански Универзитет, беше доделено признание во областа на високото образование – бренд менаџер за 2021 година.

Признанието „Најуспешни битолчани“ е доделено бидејќи м-р Михаела Ѓорчева како основач на Киноверзум беше дел од листата Forbes 30 Under 30 – Europe во која престижното американско списание Форбс истакнува по 30 најдобри претприемачи, активисти, научници до 30 години. Киноверзум е единственото универзитетско 3D кино во земјава.

Манифестацијата се одржа на 24.12.2022 во ресторанот „Вавилон“ во Битола, каде беа доделени околу 30 признанија на најуспешните битолчани, кои со своите резултати и успеси ја афирмираа Битола. За признанијата на Битолски весник годинава конкурираа над 100 битолчани.



 

Слични написи