На 28. јуни 2024 година Киноверзум доби важно признание на свечената седница на Советот на Општина Кисела Вода. Статуетката – клуч од општината – беше доделена на Киноверзум за трајни заслуги во развојот и афирмацијата на Општина Кисела Вода, а беше врачена од градоначалникот, Орце Ѓорѓиевски.

Општина Кисела Вода годинава слави 69 години од своето постоење. По тој повод, доделени се и други признанија на истакнати поединци и општествено одговорни компании кои имаат трајни заслуги во афирмацијата и развојот на општината.



Киноверзум започна да работи во Кисела Вода од 15. март 2024 година. Продолжуваме да работиме посветено на збогатување на културната сцена на Општина Кисела Вода, но и на сите други наши локации, редовно носејќи ги најновите филмски хитови во нашите кино сали.

Слични написи