Киноверзум, единственото универзитетско 3D кино наскоро ја проширува својата работа во Штип. Со тоа, Киноверзум започнува да прераснува во единствениот македонски ланец на кина.

Киноверзум во Штип ќе работи секој ден – од понеделник до недела. Планирано е во работните денови да има 2 до 3 проекции, додека за викенд бројот на проекции би се движел од 4 до 6, зависно од достапните филмови. Современата технологија ќе овозможи прикажување на најновите холивудски и европски филмови во просториите на Општинскиот мултимедијален центар „Киро Глигоров“ во Штип. Капацитетот на салата ќе биде приближно 100 места, а во рамки на киното ќе функционира и продажен пулт за влезници, храна и пијалоци.



Основачот на Киноверзум, м-р Михаела Ѓорчева, беше дел од Forbes Under 30 листата на која се истакнати 30 најдобри европски претприемачи, активисти, научници до 30 години. Со проширувањето на Киноверзум, ќе започне со реализација проектот за раст на брендот во национални и интернационални рамки.

Слични написи