Екипата од филмот „Дедо и внук“ на првото прикажување на филмот во Киноверзум на МСУ
Актерот Дејан Лилиќ, режисерот Илија Пиперкоски и монтажерот Данчо Стефков вчера присуствуваа во Киноверзум на првото прикажување на филмот „Дедо и внук“ во нашето кино.
По прикажувањето на филмот публиката имаше можност да се запознае со екипата на филмот.
Филмот „Дедо и внук“ е семејна емотивна драма, огледало на секојдневниот живот на едно македонско семејство. „Дедо и внук“ е комплетно снимен во Охрид и раскажува за едноличниот живот на пензионерот Никола, се до ненајавеното доаѓање на неговиот единствен внук кој го нема посетено повеќе од 10 години.
Останатите фотографии можете да ги погледнете на следниов линк.