Давос: Михаела Ѓорчева говорник на престижниот #WINLounge за време на Светскиот Економски Форум
Меѓународен Славјански Универзитет со гордост ја објавува веста дека Михаела Ѓорчева, основач на Киноверзум и член на Управен одбор при Меѓународен Славјански Универзитет, ќе биде говорник на ексклузивниот #WINLounge организиран од Women Inspiring Network. Настанот ќе се одржи на 23 јануари 2025 година во хотел Schatzalp во Давос, за време на Светскиот економски форум.
Ова е втора година по ред како наши претставници активно учествуваат на овој глобално значаен настан. Преку учеството, имаме можност да ја претставиме нашата работа и визија на меѓународната сцена.
Како основач на ланецот кина Киноверзум и член на престижната листа Forbes Under 30, Михаела Ѓорчева ќе ја пренесе својата уникатна перспектива од сферата на образованието и нејзините искуства во другите индустрии.
Дополнително, Михаела ќе учествува и како делегат на третото издание на World Woman Davos Agenda, што ќе се одржи од 22 до 23 јануари 2025 година во хотел Mountain Plaza, Давос. Настанот, организиран од World Wowman Foundation, е дел од мисијата #EqualityMoonshot, која има за цел да ги редефинира иновациите, инклузивноста и еднаквоста во Интелигентната ера.
Преку оваа платформа, таа ќе ги претстави Меѓународен Славјански Универзитет и Киноверзум заедно со Иван Спасев и проф. д-р Јордан Ѓорчев.
Присуството на Меѓународен Славјански Универзитет на настаните во Давос ја потврдува нашата посветеност за градење мостови помеѓу локалните и глобалните иновации и лидерства. Следете нè за повеќе детали од овој престижен настан и дознајте како продолжуваме да ја претставуваме нашата земја на најзначајните светски сцени.