
Во Киноверзум Штип свечено пуштена новата 3D опрема со филмот „Аватар: Патот на водата“
Со целосно нова 3D опрема, Киноверзум во Штип влегува во нова фаза на модернизација, овозможувајќи на публиката од регионот да ужива во најновите филмски остварувања со врвно визуелно доживување.
Во присуство на претставници од Општина Штип, првата 3D проекција се одржа на 7. октомври со филмот „Аватар: Патот на водата“ кој ќе биде на репертоар до 8. октомври. Веднаш потоа, од 9 октомври, на репертоарот ќе биде и најновото продолжение од култната франшиза „Трон: Арес“.
Ова претставува значаен чекор за локалната културна сцена, особено за младите во Штип, кои сега добиваат директен пристап до висококвалитетни 3D проекции. Картите се веќе достапни преку официјалниот систем за резервации: https://tickets.kinoverzum.mk