„Кино Љубов“- на прес-конференција во Киноверзум во Штип најавена премиерата на филмот
На 12 октомври, на одржаната прес-конференција во Киноверзум во Штип, беше најавена премиерата на македонскиот игран филм „Кино Љубов“ која ќе се одржи на 13 октомври во Киноверзум во Штип, со почеток во 21 часот. Ова е прво прикажување на филмот во Македонија.
„Кино Љубов“ е во режија на Јани Бојаџи и е снимен е за време на Ковид пандемијата во Скопје под специјални услови. Продуценти на филмот се Јани Бојаџи и Дејан Милошевски, a „Кино Љубов“ е прв македонски филм направен во стилот one-take. Главните улоги ги толкуваат Дејан Лилиќ, Јелена Жугиќ, Роберт Ристов, Мирјана Ристов и Благоја Чоревски како специјален гостин.
Светската премиера на „Кино Љубов“ се одржа кон крајот на 2022 година на Фестивалот на авторскиот филм во Белград.