Успешно заврши Новогодишниот фестивал и базар организиран од МСУ и Киноверзум
Шестиот Новогодишен фестивал и базар на Меѓународен Славјански Универзитет и Киноверзум започна на 22.12.2022 (четврток) и се одржуваше во наредните два дена 23.12.2022 (петок) и 24.12.2022 (сабота).
Она што годинава го понудивме за првпат е едно сосема ново уметничко искуство. Една од салите на Киноверзум беше претворена во голем леден тунел во кој се одржува базарот. На површина од 150 метри квадратни, околу 20 лица работеа на целосна трансформација на салата, при што се користеа разни техники на осветлување за да се постигне ефектот на ледена сала. Во ледениот тунел се сместени околу 25 штандови со ракотворби.
Со околу 40 штандови, гостуваа ракотворци од Скопје, Велес, Свети Николе, Битола, Штип, Кочани, Пробиштип. Вкупно 10 од штандовите беа распоредени во дрвени куќички, а другите беа распоредени во ледената сала и во Киноверзум Lounge Bar.
Третата вечер од Новогодишниот фестивал и базар на МСУ ја одбележаа над 10 Дедо Мразовци кои пристигнаа на мотори во организација на Мото Клуб Свети Николе МЦЦ. Посетителите имаа можност да се фотографираат на моторите кои беа празнично украсени. Третата вечер од базарот (24.12.2022, сабота) беше последен ден од базарот на кој посетителите можеа да одберат уникатен подарок за своите најблиски.