Содржина

Седумгодишниот Саша вежба на виолината секој ден за да ги задоволи амбициите на неговата мајка. Веќе повлечен како резултат на дневнaтa рутинa со музиката, нешто за што честопати е потсмеван од другите деца во маалото, Саша брзо ја враќа самодовербата кога случајно ќе се сретне со Сергеј и ќе се спријателат. Сергеј работи на парно тркало во нивниот раскошен московски кварт. Додека Сергеј му раскажува на Саша приказни и случки од војната, Саша му свири на виолина на новиот пријател…

ПАРНОТО ТРКАЛО И ВИОЛИНАТА е во сценарио на Андреј Кончаловски и Андреј Тарковски, а директор на фотографија е Вадим Јусов (Vadim Yusov) кој исто така ќе работи со Тарковски на ИВАНОВОТО ДЕТСТВО и АНДРЕЈ РУБЉОВ. Филмот е дипломски филм на Тарковски на ВГИК, снимен во Мосфилм студиото, за којшто Тарковски добива највисока оценка

Видео и фотографии

3 фотографии