Киноверзум започна со работа во 2019 година како Киноверзум 3D кино во Свети Николе во рамки на компанијата Меѓународен центар за славјанска просвета (од 2023 година е веќе Киноверзум ДООЕЛ). Киноверзум започна како единственото универзитетско кино во земјава и е дел од кампусот на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе. Со развојот во последните години Киноверзум прерасна во единствениот македонски ланец на кина.

Во досегашната работа на Киноверзум се прикажани околу 400 филмови со речиси 5000 реализирани проекции. Во Киноверзум се прикажуваат најновите филмови од светската филмска продукција и како единствено кино во Источниот и Вардарскиот Регион, им овозможува на граѓаните од овие региони да ги гледаат најновите европски и холивудски филмови близу до нивните домови.

  • Мисија: Да направиме инспиративни промени во културниот живот во регионот и да создадеме уникатна околина во која се ценат креативноста и филмската уметност.
  • Визија: Да инспирираме моменти вредни за паметење преку уникатно филмско искуство.
  • Слоган: Твојот филмски универзум.


Четврток е ден за премиери во Киноверзум и така, секој четврток ги носиме најновите филмови во нашите кино сали:

Основач на Киноверзум е м-р Михаела Ѓорчева која со работата во Киноверзум беше истакната на листата Forbes 30 Under 30 – Europe во која престижното американско списание Forbes истакнува по 30 најдобри претприемачи, активисти, научници до 30 години во 10 категории. На истата листа (Entertainment) е и италијанската група Манескин, како и актерката Simone Ashley, позната по својата улога во една од најгледаните серии на Netflix – Bridgerton. Михаела Ѓорчева е дел од листата како сопственик на Киноверзум, единственото приватно кино во сопственост на жена и водено од жена во Република Северна Македонија, по што во 2022 година присуствуваше и на Forbes Under 30 самитот во Детроит, САД.

Киноверзум во 2020 година ја има добиено наградата „Најдоброто од истокот“, плакета за посебен придонес во афирмацијата на филмската уметност во Источниот регион. Плакетата беше доделена од Здружението на новинари на Македонија – Регионален актив на новинари „Исток” – Штип.

Во 2022 година основачот на Киноверзум, м-р Михаела Ѓорчева, ја доби плакетата „Најуспешни битолчани“, која беше доделена од најстариот локален весник во земјава, Битолски весник.