Содржина

Три другарки одат во спа-центар од своите соништа, но доаѓањето на четвтата го претвора опуштањето во хаотична, урнебесна авантура полна со пресврти и смеа.

Во духот на хит-комедиите „Опасни мајки“ и „Мамурлук“, „СПА ВИКЕНД“ е урнебесна и трогателна приказна за четири пријателки кои сфатиле дека, некаде помеѓу работата, љубовта, семејството и секојдневните обврски, целосно заборавиле да се грижат за себе и едни за други.

 

Исцрпени и во очајна потреба за одмор, тие решаваат да избегаат во луксузен спа-центар, убедени дека ги чека викенд исполнет со релаксација и полнење на батериите. Но, наместо мир и тишина, добиваат незаборавна авантура полна со смеа, луди моменти и еден куп катастрофално лоши одлуки кои ќе ги паметат засекогаш.