1гласа 5

Содржина

Ова завршува со нас, првиот роман на Колин Хувер адаптиран за големиот екран, ја раскажува трогателната приказна за Лили Блум (Блејк Лајвли), жена што го надминала своето трауматично детство за да почне нов живот во Бостон и да го брка својот животен сон да отвори сопствен бизнис.

Случајна средба со шармантниот неврохирург Рајл Кинкејд (Џастин Балдони) запалува интензивна поврзаност, но додека тие се вљубуваат еден во друг, Лили почнува да гледа работи кај Рајл што ја потсетуваат на односот на нејзините родители. Кога првата љубов на Лили, Атлас Кориган, (Брендон Скленар) наеднаш ѝ се враќа во животот, нејзината врска со Рајл се напнува и Лили сфаќа дека треба да се потпре на сопствените сили за да донесе една невозможна одлука за иднината.

Видео и фотографии

1 видео 7 фотографии