Содржина

Во првиот дел, дознавме дека убиецот односно убијците се всушност самиот Максим Анчевски, и Ана Филиповска (Шефот на форензика) која всушност со сменето презиме (Анчевска) е сестра на Максим, и тоа бил нивниот маестрален план за одмазда затоа што како мало девојче – Ана била силувана од таткото на Горан Цветановски (колегата на Максим), а случајот го заташкуваат родителите на Фросина (адвокат), Драгана (судија) и Мартина (социјален работник) како носители на функции во процесот (Судија, Адвокат, и работник од Центар за Социјални работи – Скопје).

Но на крајот од филмот, иако помисливме дека целата вистина е откриена, останаа да лебдат во воздух уште повеќе прашања и мистерии особено во последната сцена кога Максим Анчевски иако признава дека е одговорен за убиствата заедно со сестра му Ана, во разговор со Марија Ѓоргиевска, тврди дека тој не е извршителот на убиствата и дека целата вистина се уште не е откриена:

  • Кој е мозокот на целокупниот план?
  • Кој е извршителот на убиствата ако не е Максим, бидејќи Ана физички не е доволно силнаа да ги изврши убиствата на жрвите?
  • И најважното од се – Каде е таткото на Максим и Ана?

Видео и фотографии

1 видео 16 фотографии