Доколку сакате да гледате филмови често, Ви препорачуваме да се зачлените во нашиот клуб. Членовите на клубот први ги добиваат најновите информации на нивните електронски адреси, но добиваат и попусти и награди.

Сите посетители на Киноверзум можат да отворат своја клуб картичка преку која собираат поени кои можат да ги разменат за награди.



Регистрација


За регистрација во Програмата за лојаност на Киноверзум Ве молиме пополнете го барањето дадено на оваа страница. Со пополнување на барањето се согласувате на условите за користење наведени на оваа страница.

Откако ќе го испратите барањето, ќе Ви испратиме бесплатна дигитална клуб картичка. За користење на клуб картичката потребно е истата да ја приложите на кино благајните пред купување на билетите.


Барање за регистрација во програмата за лојалност на Киноверзум

Податоци за контакт

Студентите на Меѓународен Славјански Универзитет имаат дополнителен попуст во сите Киноверзум кина.

CAPTCHA image

Правила


  • Еден потрошен денар во Киноверзум за купување на билети = еден поен.
  • Зачленувањето во клубот е бесплатно.
  • Зачленувањето се прави со пополнување на онлајн апликација.
  • Сопственик и издавач на дигиталната клуб картичка е Киноверзум и издавачот има право да ја укине дигиталната клуб картичка или да ги измени условите за користење на истата.

Редовни попусти


Со клуб картичката секој член има попуст на купените билети. Доколку сте студент на Меѓународен Славјански Универзитет  со клуб картичката имате дополнителен попуст на билетите.

За актуелните попусти и ценовници погледнете ја следнава страница.

Бројот на влезници кои можат да се купат со клуб картичка во еден ден е 4.


Награди (oд 10 јуни 2026)



*За филмска вечер за 8 и за Премиум кино гејминг до 3 часа или приватна проекција за 10 лица потребно е резервација барем 10 дена однапред.


Замена на наградите


Добиените награди од клуб картичката не можат да бидат заменети за парични средства. Наградите можат да се подигнат исклучиво на кино благајните на Киноверзум во рамки на работното време.

Киноверзум го задржува правото да направи промени во наградите и да ги замени со слични производи. Доколку во моментот некој производ е недостапен Киноверзум ќе понуди алтернативен сличен производ.


Губење на картичката


Доколку ја загубите картичката потребно е да ги известите нашите вработени при следната посета во Киноверзум.

  • Доколку ја загубите картичката бесплатно ќе ви биде издадена нова дигитална клуб картичка.
  • Во овој случај поените од претходната картичка се пренесуваат на новата картичка.