Огледало
- Filipp Yankovskiy, Ignat Daniltsev, Margarita Terekhova
- Andrei Tarkovsky
- Биографија, Драма
- 16 јуни 2021 (среда)
- руски, шпански
- 2D
- 8.1
Содржина
На прашањето „Реализам на сонот, исто како во Огледало?“, од интервју во 1980-тата година за Носталгија кој во тоа време е во подготовка, Тарковски на новинарот ќе му одговори: Не постои „реализам“ од едната страна, а од другата (во контраст, контрадикција) „сонот“. Ние поминуваме третина од нашите животи спиејќи (што значи, сонувајќи): постои ли таму некаде нешто кое е пореално од сонот?
Човек на умирање во неговите четириесетти години, се сеќава на минатото. Неговото детство, неговата мајка, војната, личните доживувања и спомени. Дело со автобиографски елементи, кое нè води низ коридорите на времето на мистериозен и хипонитички начин, ОГЛЕДАЛО на Тарковски е филмска поема за амалгамот од соништа и сеќавања од којшто сме сочинети ние, луѓето, и за нашата човечка состојба, вкотвена во флуидната субјективност на времето. Со неконвенционална структура и нелинеарен наратив, кинематографија која ненаметливо преминува од боја, во црно-бело и сепија, поезијата на таткото на режисерот – Арсениј Тарковски, како и инцидентната музика и звучни ефекти на Едуард Артемиев во филмот, Тарковски прави мистична синестезија на „текот на свеста“, опиплива како никогаш порано на големиот екран.
ОГЛЕДАЛО чијашто магија, барем еднаш во животот, мора да се искуси на големото платно, се смета за еден од најдобрите филмови на сите времиња