Доколку сакате да гледате филмови често, Ви препорачуваме да се зачлените во нашиот клуб. Членовите на клубот први ги добиваат најновите информации на нивните електронски адреси, но добиваат и попусти и награди.
Сите посетители на Киноверзум можат да отворат своја клуб картичка преку која собираат поени кои можат да ги разменат за награди.
Регистрација
За регистрација во Програмата за лојаност на Киноверзум Ве молиме пополнете го барањето дадено на оваа страница. Со пополнување на барањето се согласувате на условите за користење наведени на оваа страница.
Откако ќе го испратите барањето, можете да ја подигнете Вашата картичка во киното кое ќе го изберете. Плаќањето за картичката (50 денари, еднократно) можете да го направите на кино благајните при подигање на картичката.
За користење на клуб картичката потребно е истата да ја приложите на кино благајните пред купување на билетите.
Правила
- Еден потрошен денар во Киноверзум за купување на билети = еден поен.
- Зачленувањето во клубот чини 50 денари кои се плаќаат еднократно.
- Зачленувањето се прави со пополнување на онлајн апликација.
- Сопственик и издавач на клуб картичката е Киноверзум и издавачот има право да ја укине клуб картичката или да ги измени условите за користење на истата.
Редовни попусти
Со клуб картичката секој член има попуст на купените билети. Доколку сте студент на Меѓународен Славјански Универзитет со клуб картичката имате дополнителен попуст на билетите.
За актуелните попусти и ценовници погледнете ја следнава страница.
Бројот на влезници кои можат да се купат со клуб картичка во еден ден е 4.
Награди
Замена на наградите
Добиените награди од клуб картичката не можат да бидат заменети за парични средства. Наградите можат да се подигнат исклучиво на кино благајните на Киноверзум во рамки на работното време.
Киноверзум го задржува правото да направи промени во наградите и да ги замени со слични производи. Доколку во моментот некој производ е недостапен Киноверзум ќе понуди алтернативен сличен производ.
Губење на картичката
Доколку ја загубите картичката потребно е да ги известите нашите вработени при следната посета во Киноверзум.
- Доколку ја загубите картичката се наплаќаат 50 денари за издавање на нова картичка.
- Во овој случај поените од претходната картичка се пренесуваат на новата картичка.