Содржина

Заводливиот психолошки трилер е адаптација на романот бестселер на Колин Хувер и ја раскажува приказната за популарната авторка Верити Крофорд (Ен Хатавеј) и писателката на почеток од својата кариера Лоуен Ешли (Дакота Џонсон), која се сели на зафрлениот имот на Крофорд, каде што треба да пишува во нејзино име. Откако Лоуен ги открива морничавите автобиографски белешки на Верити, таа се бори со вознемирувачките и изопачени признанија за мажот на Верити, Џереми (Џош Хартнет), и тешко ѝ е да ја оддели фикцијата од реалноста, манипулацијата од привлечноста и можностите од опсесијата.