Содржина

Минати се години, а кај Поп и Маре сѐ е исто – нема девојки, нема дожд, нема ни доживувања. Како и секогаш, не се разбираат со светот и со новата музика што владее. Гојко, пак, е крал на Виена и успешен музички продуцент. Штотуку исфрлил нов хит на пејачката Мила Сила. Но дел од песната е „позајмен“ од школските другари. Истовремено, великодушниот Гојко организира прослава на годишнината од матурата во Виена зашто поголем дел од луѓето од класот живеат по светот. Се знае единствено кој не е поканет! Старите рани не се забораваат. Поп и Маре, бледи како крпа, треба да патуваат за Виена. По пат ќе ги сретнат младите шампиони по хемија и разноразни колоритни ликови, меѓу кои и поранешната класна Смиља Тортура. Авантурата може да почне, пак!

Видео и фотографии

1 видео