Содржина

ИВАНОВОТО ДЕТСТВО е трагична приказна за изгубеното детство на дванаесетгодишниот сирак Иван, кој ќе се најде на источниот советски фронт за време на Втората светска војна. Иван шпионира и собира информации во корист на Советската армија. Навлегува длабоко во позадината на германските редови, го ризикува сопствениот живот, иако причината за тоа на возрасните и искусни војници не им е секогаш јасна. Се обидуваат да го сместат во интернат, подоцна и во воена школа, но малиот сирак инсистира да остане на фронтот и да се одмазди за смртта на своето семејство.

Иван е мал херој кој чекори со сигурност до своите цели, невидлив за никого, но присутен во мислите на своите повозрасни пријатели, тројцата офицери на Советската армија. Филмот е прв долгометражен филм на Андреј Тарковски и во 1962 година е добитник на наградата „Златен лав“ на филмскиот фестивал во Венеција.

Видео и фотографии

3 фотографии